ЈАПОНИЈА ЈА НАДМИНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА СКЕПСА КОН ВАКЦИНИ И СПРОВЕДЕ УСПЕШНА ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 БЕЗ ПОЛИТИЗИРАЊЕ

    ЈАПОНИЈА ЈА НАДМИНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА СКЕПСА КОН ВАКЦИНИ И СПРОВЕДЕ УСПЕШНА ИМУНИЗАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 БЕЗ ПОЛИТИЗИРАЊЕЈапонија за кратко врене постигна повисок процент на вакцинирано население од повеќето развиени држави (Фото: Гети)

    На седум недели до почетокот на Олимписките игри во Токио, само 3,5% од јапонското население беше вакцинирано против ковид-19. Олимпијадата требаше да се отвори, а јапонската влада и натаму многу лошо ја спроведуваше имунизацијата. Шест месеци подоцна, ситуацијата е сосема различна.

    Не само што го надмина почетниот хаос, туку успеа да постигне повисок процент на вакцинирано население од повеќето развиени држави. Денес, 76% од жителите се целосно имунизирани, 95% од лицата над 80 години.

    Јапонија има долга историја на резервираност кон вакцини. Едно истражување од јануари покажа дека големо мнозинство било скептично кон новоразвиените вакцини против ковид-19. Некои експерти веруваат дека раниот хаос многу помогнал тоа да се промени.

    Во почетокот имаше малку достапни вакцини, што втера еден страв кај старите луѓе. Тие гледаа како стари лица умираат од ковид-19 во други земји, па побрзаа да се вакцинираат додека има залихи. Бавниот старт значеше дека младите мора да чекаат, додека ститици илјади луѓе во други држави се вакцинираа без драматични несакани ефекти. Тоа ги убеди дека вакцините се безбедни“, вели Кенџи Шибуја, директорот на Фондацијата за политички истражувања од Токио.

    Друга важна разлика со Америка и Европа е што вакцинирањето не се политизираше.

    Кај нас нема политизирање. Вакцинирањето не се гледа низ призмата на слобода или индивидуални права. Јавноста не паѓа на теории на заговор“, додаде Шибуја.

    Додека стапката на вакцинирањето растеше, се намалуваше бројот на заразени и починати: од 26.000 нови случаи на 20 август до само 150 на ден минатата недела, кога неколку дена немаше ниеден починат.

    И пред да почне вакцинирањето, Јапонија имаше ниска стапка на смртност од ковид-19. Додека во САД изнесува 233,8 мртви на 100.000 жители, во Јапонија е само 14,52.

    Бројот на починати е многу мал. Во 2020, во Јапонија дури се зголеми просечниот животен век, додека во земји како САД, Германија и Франција се намали. Ова можеби има врска и со ниската стапка на дебелина. Само 3,5% од Јапонците се сметаат за дебели, што е меѓу најниските стапки на светот“, вели социологот Тестуо Фукава.

    Според Шибуја, и доброто однесување на Јапонците помага да има малку заразени.

    Во Јапонија сите носат маска и секаде има дезинфициенси за раце“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира