ЈАПОНИЈА ВОВЕДЕ И ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ КОИ КОРИСТАТ ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗАТ

    ЈАПОНИЈА ВОВЕДЕ И ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ КОИ КОРИСТАТ ТЕЛЕФОН ДОДЕКА ВОЗАТПомеѓу 2018 и 2022 имало 454 несреќи предизвикани од велосипедисти кои користеле телефони, според полицијата - 50% повеќе од претходниот петгодишен период. (Фото: ЕПА)

    Јапонија воведе нови строги правила за велосипедистите кои користат мобилен телефон додека возат, и тоа максимум шест месеци затвор или парична казна од 100.000 јени (655 долари). Бројот на несреќи во кои учествувале велосипедисти почнал да се зголемува во 2021, бидејќи голем број луѓе се одлучиле да возат велосипед наместо да користат јавен превоз за време на пандемијата.

    Покрај сузбивањето на користењето телефон, новите правила се насочени и кон велосипедистите кои возат под дејство на алкохол, со казна затвор до три години или парична казна од 500.000 јени (3.278 долари).

    Неколку часа по стапувањето во сила на новите закони, властите во Осака потврдија дека веќе забележале пет прекршувања на новиот закон за сообраќај, вклучително и двајца мажи кои биле фатени како возат велосипед додека биле пијани.

    Според локалните медиуми , над 72.000 несреќи со велосипед се регистрирани во Јапонија во 2023, што претставува над 20% од сите сообраќајни несреќи во земјата.

    Во првата половина на 2024 имаше една несреќа со жртви и 17 со сериозни повреди, во кои учествуваа велосипедисти кои ги користеа своите телефони, што се смета за најголема бројка откако полицијата почна да води ваква статистика во 2007.

    Помеѓу 2018 и 2022 година имало 454 несреќи предизвикани од велосипедисти кои користеле телефони, според полицијата – 50% повеќе од претходниот петгодишен период. Од минатата година, заради подобрување на безбедноста, властите ги задолжија велосипедистите да носат шлемови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира