ЈУЛИ ПОТВРДЕН КАКО НАЈТОПОЛ МЕСЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА

    ЈУЛИ ПОТВРДЕН КАКО НАЈТОПОЛ МЕСЕЦ ВО ИСТОРИЈАТАекој месец годинава е рангиран меѓу четирите најтопли месеци во историјата за соодветните месеци. - Мапа со температури во јули (Фото: Би-Би-Си)

    Јули годинава беше најжешкиот месец некогаш регистриран ширум светот, потврдија сателитските податоци. Проценката беше направена од истражувачите на Сервисот за климатски промени „Коперник“ на ЕУ.

    Научниците велат дека ова е најновиот знак дека Земјата се загрева без преседан. Жешките бранови срушија неколку рекорди низ Европа минатиот месец, со невообичаено високи температури на Арктикот.

    Глобално, јули 2019 беше за нијанса потопол (0,04 степени целзиусови) од претходниот најтопол месец, јули 2016.

    Според „Коперник“, секој месец годинава е рангиран меѓу четирите најтопли месеци во историјата за соодветните месеци.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари