ЈУТЈУБ ЈА БЛОКИРАШЕ ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА РУСКАТА ДУМА

    ЈУТЈУБ ЈА БЛОКИРАШЕ ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА РУСКАТА ДУМАДенеска, во порака на Јутјуб се вели дека каналот на Дума е „прекинат поради прекршување на Условите за користење на Јутјуб“. (Фото: ЕПА)

    Јутјуб ја блокираше телевизијата Дума која емитува програма од Долниот дом на рускиот парламент, што наиде на лут одговор од официјалните лица кои рекоа дека како одговор на тоа најпопуларната услуга за стриминг во светот може да се соочи со ограничувања во Русија. Денеска, во порака на Јутјуб се вели дека каналот на Дума е „прекинат поради прекршување на Условите за користење на Јутјуб“.

    Јутјуб, во сопственост на Гугл, беше под притисок од рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор и официјалните лица брзо реагираа.

    „Како што изгледа Јутјуб сам си потпиша налог за затварање. Зачувајте ја содржината, префрлете ја на руски платформи. И побрзајте“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, на сервисот за пораки Телеграм.

    Надзорот за комуникации соопшти дека побарал од Гугл веднаш да го врати пристапот до каналот Дума.

    „Американската ИТ компанија се придржува до изразената антируска позиција во информациската војна што Западот ја покрена против нашата земја“, соопшти Роскомнадзор.

    Гугл за Ројтерс изјави дека е посветена на усогласеноста со сите важечки санкции и закони.

    „Доколку откриеме дека профилот ги прекршува нашите Услови за користење, преземаме соодветни мерки. Нашите тимови внимателно ја следат ситуацијата за какви било ажурирања и промени.“

    Вјачеслав Володин, спикерот на Думата, рече дека потегот на Јутјуб е дополнителен доказ за кршење на правата и слободите од Вашингтон.

    „САД сакаат да добијат монопол за промовирање информации. Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, рече Володин на Телеграм.

    Русија веќе го ограничи пристапот до Твитер и платформите Фејсбук и Инстаграм на Мета, по воената инвазија врз Украина на 24 февруари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира