Јутјуб ќе ги отстрани сите содржини кои шират дезинформации за сите одобрени вакцини. Компанијата кажа дека меѓу видеата кои ќе бидат тргнати се оние во кои се тврди дека одобрените вакцини се опасни и предизвикуваат аутизам, рак или неплодност.
Новата политика вклучува и укинување на профилите на антиваксерските инфлуенсери.
Технолошкиот гигант беше критикуван дека не чини доволно за да се спротивстави на лажните здравствени информации на своите платформи. Во јули, Џо Бајден ги обвини социјалните мрежи дека во голема мера се одговорни за скепсата што луѓето ја имаат кон вакцинирањето.
Јутјуб, кој е во сопственост на „Гугл“, кажа дека од минатата година отстранил 130.000 видеа, кога почна да ја спроведува политиката против ширењето дезинформации за ковид вакцините.
„Ја прошируваме нашата политика против дезинформирањето на сите вакцини кои се прогласени за безбедни и ефективни од локални здравствени власти и СЗО“, соопшти компанијата.
Лични сведоштва и историски видеа за вакцини и натаму ќе бидат дозволени на Јутјуб.