КАЛИФОРНИЈА ЈА ПОГОДИ НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ, СЕ НАЈАВУВААТ НОВИ

    КАЛИФОРНИЈА ЈА ПОГОДИ НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ, СЕ НАЈАВУВААТ НОВИЗемјотресот предизвикал пожари, но нема загинати (Фото: АП)

    Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала погоди делови на јужна Калифорнија, објавија американските сеизмолози, додавајќи дека ова е најсилен земјотрес во оваа област во последните две децении.

    Тој удрил на длабочина од 0,9 километри, а епицентарот бил во близина на градот Риџкрест, 240 километри североисточно од Лос Анџелес. Истиот регион пред само два дена беше погоден од земјотрес од 6,4 степени и сеизмолозите предупредуваат дека тие ќе продолжат.

    „Ова се земјотреси во серија и тие ќе продолжат. Секој земјотрес создава можност за нов“, изјави д-р Луси Џонс од Институтот за технологија на Калифорнија.

    Таа додава дека следната недела постојат 10% шанси дека ќе се случи сличен, ако не и посилен земјотрес. Тој би можел да се почувствува до Лас Вегас и преку границата со Мексико.

    Последниот земјотрес предизвикал пожари, а градоначалничката на Риџкрест Пеги Бриден вели дека има и полесно повредени.

    „Засега нема информации дека има загинати или урнати згради. Можеме да се справиме со оваа ситуација“, кажа Бриден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира