КАМИКАЗЕ ДРОНОВИТЕ СЕ МАЛИ, ПОТРОШНИ И ТЕШКО СЕ ДЕТЕКТИРААТ, ИРАН УПОРНО НЕГИРА ДЕКА ЈА СНАБДУВА РУСИЈА СО НИВ

    КАМИКАЗЕ ДРОНОВИТЕ СЕ МАЛИ, ПОТРОШНИ И ТЕШКО СЕ ДЕТЕКТИРААТ, ИРАН УПОРНО НЕГИРА ДЕКА ЈА СНАБДУВА РУСИЈА СО НИВДрон снимен над Киев при денешниот напад (Фото: Гети)

    Иран денеска уште еднаш демантираше дека ја снабдува Русија со дронови, откако Киев беше нападнат со вакви беспилотни летала.

    Пет експлозии се регистрирани утрово во главниот град на Украина и властите кажаа дека биле предизвикани од камиказе дронови, какви што Русија наводно има добиено од Иран. Градоначалникот Витали Кличко изјави дека Русија лансирала 28 дронови, при што загинало најмалку едно лице.

    „Објавените вести дека Иран ја снабдува Русија со дронови имаат политички амбиции и ги шират западните извори. Не сме снабдувале со оружје ниедна страна во ниедна војна и нема ни да го правиме тоа, без разлика дали станува збор за Украина, Авганистан, Сирија или Јемен“, изјави портпаролот на иранското министерство за одбрана Насер Канани.

    Украинските власти тврдат дека Русија користела вакви дронови во напади на Киев, Виница, Одеса, Запорожје, Миколаив и други градови во изминатите недели. Дроновите имаат важна улога од самиот почеток на војната во Украина и нивната употреба се зголеми од летоска, кога, според САД и Киев, Русија почнала да ги добива од Иран.

    Камиказе дроновите или дронови-самоубијци имаат способност да чекаат некое време во одредена област и напаѓаат откако метата ќе биде идентификувана. Тие се мали, подвижни и евтини и лесно можат да се лансираат, но нивната главна предност е што тешко се детектираат. За разлика од традиционалните дронови кои по исполнувањето на задачата се враќаат во базата, камиказе дроновите се потрошни и се самоуништуваат при мисијата.

    Според украинскиот претседател Зеленски, Русија има нарачано 2.400 дронови „шахед-136“ од Иран, кои имаат носивост од околу 50 килограми.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира