КАМИОН ВЛЕТА МЕЃУ ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВО ЊУЈОРК, ШЕСТМИНА МРТВИ

    КАМИОН ВЛЕТА МЕЃУ ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВО ЊУЈОРК, ШЕСТМИНА МРТВИНајмалку две тела останаа да лежат неподвижни на патеката по влетувањето на возилото (Фото: АП)

    Камион влета на велосипедска патека во близина на меморијалниот центар на Светскиот трговски центар во Њујорк и удри во неколку луѓе, по што возачот излегол од возилото, држејќи нешто што личи на пиштол, изјавија полицијата и сведоци.

    Најмалку две тела останаа да лежат неподвижни на патеката. Си-Ен-Ен објави дека има шестмина мртви и најмалку 11 повредени.

    Њујоршката полиција соопшти дека едно лице е задржано во притвор. Оттаму додадоа дека е нејасно дали некој бил застрелан со пиштол или сите се повредени од удар со возилото.

    „Видов многу крв. Многу луѓе лежеа на земја“, изјави еден сведок.

    Инцидентот се испитува како можен терористички напад, потврдија од полицијата.

    „Возачот свесно го сврте камионетот на пешачката зона, удирајќи во луѓе кои џогираа и возеа велосипеди. Зад себе остави неколку мртви и повредени. Тој продолжи да вози јужно, по што удри во друг автомобил. Кога излезе од возилото, беше застрелан од полицијци“, соопшти полицијата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари