КАНАДА Е ПРВА ЗЕМЈА КОЈА ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ И ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ

    КАНАДА Е ПРВА ЗЕМЈА КОЈА ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ И ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИВакцината на „Фајзер/Бионтек“ се покажа безбедна и делотворна и за помладите возрасни групи (Фото: АП)

    Канада стана прва земја на светот која ја одобри ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години, опишувајќи го потегот како светло на крајот на тунелот.

    „Вакцината на ‘Фајзер/Бионтек‘ е безбедна и делотворна и за помладите возрасни групи. Почнуваме да го гледаме светлото на крајот на тунелот. Ова ќе им помогне на децата да се вратат во нормален живот, откако на сите им беше многу тешко минатата година“, изјави Суприја Шарма, виша советничка во канадското министерство за здравство.

    Околу 20% од регистрираните 1,24 милиони случаи на коронавирус во Канада се помлади од 19 години.

    Се очекува и американската Агенција за храна и лекови наскоро да донесе ваква одлука, додека Европската Унија е во фаза на анализа.

    „Фајзер“ претходно соопшти дека децата можат да имаат слични несакани ефекти од вакцината како возрасните, особено по втората доза. Во истражувањето што опфатило 2.260 млади волонтери, никој од целосно вакцинираните деца не се заразил со коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира