Разрешениот претседател на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, ѝ се предал на белгиската полиција, објави телевизијата ВРТ.
Белгиските обвинители, кои од Шпанија примија европски налог за апсење на Пуигдемонт и на четворицата негови соработници, ќе дадат изјава денеска попладне.
Во налогот за апсење, избеганите каталонски политичари се обвинети за побуна, повикување на сецесија и за злоупотреба на јавни средства, што ги искористија за организирање на нелегалниот референдум за независност на 1 октомври.
Пуигдемонт и неговите соработници избегаа за Брисел истиот ден кога јавниот обвинител на Шпанија објави дека ќе покрене обвиненија.
Според белгиските законски процедури, тие сега треба да се појават пред суд, по што во рок од 24 часа ќе се донесе одлука дали ќе бидат притворени. Сепак, целата процедура може да се одолжи и 45 дена.