ЌЕ ГО БРАНИМЕ ТАЈВАН АКО БИДЕ НАПАДНАТ ОД КИНА, ВЕЛИ БАЈДЕН

    ЌЕ ГО БРАНИМЕ ТАЈВАН АКО БИДЕ НАПАДНАТ ОД КИНА, ВЕЛИ БАЈДЕНБајден вели дека САД имаат законска обврска да му помагаат на Тајван (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека САД ќе го бранат Тајван ако биде нападнат од Кина, додека Белата куќа појасни дека ова не значи промена на надворешната политика на земјата. САД имаат закон според кој треба да му помогнат на Тајван да се брани, но во него не се прецизира што точно ќе направат ако Кина нападне, што е познато како „стратешка двосмисленост“.

    Кина засега не реагираше на изјавите на Бајден.

    „Да, должни сме да го браниме Тајван. Но, нема потреба да се грижиме дали тие ќе станат помоќни. Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека ние ја имаме најмоќната војска во историјата на човештвото“, изјави Бајден на настан организиран од Си-Ен-Ен.

    Портпаролот на Белата куќа појасни дека Бајден не најавил никаква промена на политиката на САД.

    САД немаат официјални дипломатски односи со Тајван, но му продаваат оружје во рамките на Законот за односите со Тајван, според кој мора да му помагаат да се брани. САД исто така признаваат дека постои само една кинеска влада.

    Кина не се откажува од амбициите за обединување со Тајван и претседателот Шји Џјинпинг неодамна вети дека ќе го оствари тоа, иако неговата реторика беше помирна во споредба со минатото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира