ЌЕ НЀ ПРИНУДАТ ДА ПОПУШТИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАРАДИ ОДВРАТНАТА ПОЛИТИКА НА РАДЕВ, НАЈАВИ БОРИСОВ

    ЌЕ НЀ ПРИНУДАТ ДА ПОПУШТИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАРАДИ ОДВРАТНАТА ПОЛИТИКА НА РАДЕВ, НАЈАВИ БОРИСОВБорисов и Заев во Струмица на отварањето на споменик на бугарски генерал од Првата светска војна на 1 август 2019 (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, кој е фаворит да се врати на премиерското место во Бугарија по изборите в недела, најави дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија со финансиски инструменти да попушти за ветото за Македонија и за тоа ја обвини политиката на претседателот Румен Радев.

    „За седум месеци ја ликвидираа целата стабилност и Бугарија однадвор изгледа одвратно. Ќе нè принудат со финансиски инструменти и ќе нè принудат да се потпишеме за Македонија, заради ликвидираната политика на Румен Радев“, изјави Борисов во интервју за бугарската телевизија „Нова“.

    Во Бугарија изминатите седум месеци има техничка влада, поради неуспехот на партиите да формираат политичка влада, па надворешната политика ја презеде претседателот Румен Радев. Викендов ќе се одржат третите парламентарни избори во Бугарија годинава, а на анкетите овојпат убедливо водство има ГЕРБ, додека Има таков народ, победникот од последните избори има драстично намалена доверба меѓу бугарските граѓани.

    Бугарија го блокира почнувањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија поради историскиот спор, а последен пат вето стави на состанокот на Европскиот совет во јуни. До крајот на годината, Европскиот совет има состанок на 16-17 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира