Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека со пријателите од регионот ќе продолжи да се бори за европска иднина, но почитувајќи се себеси, пред денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Вучиќ рече и дека поминаа времињата кога можеше да се уценуваат независни и слободни држави.
„Поминаа времињата во кои независни и слободни држави некој може да ги уценува. Ние тука дојдовме кај пријатели. Заедно со нашите пријатели од регионот ќе се бориме за европска иднина, но почитувајќи се себеси и верувајќи дека заеднички можеме многу да направиме“, изјави Вучиќ.
Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Бугарите се срамота, додека македонскиот премиер Димитар Ковачевски одби да даде изјава.