КИЕВ ВЕЛИ ДЕКА РУСКОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ХЕРСОН ЌЕ ТРАЕ ЕДНА НЕДЕЛА, УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СТИГНАА ДО ПЕРИФЕРИЈАТА НА ГРАДОТ

    КИЕВ ВЕЛИ ДЕКА РУСКОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ХЕРСОН ЌЕ ТРАЕ ЕДНА НЕДЕЛА, УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СТИГНАА ДО ПЕРИФЕРИЈАТА НА ГРАДОТУкраинската војска е на 20-ина километри од центарот на Херсон (Фото: Гети)

    Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека руското повлекување од градот Херсон ќе трае најмалку една недела. Тој вели дека Русија и натаму има околу 40.000 војници во регионот и дека тие се присутни во и околу градот.

    Не е лесно да се повлечат толку војници од Херсон за еден или два дена. Мислам дека ќе им треба најмалку една недела“, кажа Резников.

    Според заменик-шефот на украинското разузнавање Вадим Скибицки, на западниот брег на Днепар и натаму има повеќе од 10.000 руски војници, половина од она што претходно беше стационирано таму.

    Украина кажа дека нејзината војска влегла во десетици гратчиња и села во Херсон напуштени од руските трупи, додека се доближува кон предградијата на истоимениот град.

    Десетици украински знамиња се вратени на своето вистинско место. Ослободени се 41 населено место на југот“, кажа претседателот Володимир Зеленски.

    Вчера било ослободено гратчето Снихуривка, 32 километри северно од Херсон, а украински војници се снимени и во селото Кисливка, кое се наоѓа само 15 километри од центарот на градот.

    Големиот џеб околу градот што порано го држеа руските сили се намалува. Видео објавено од руската војска потврдува дека некои нејзини сили навистина се повлекуваат преку Днепар, но Киев кажа дека е прерано да се прогласува победа.

    Руските единици вршат маневар кон однапред подготвените позиции на левиот брег на Днепар во строга согласност со одобрениот план“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, избегнувајќи да го употреби терминот повлекување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира