КИМ ЏОНГ-УН ОСЛАБНАЛ 20 КИЛОГРАМИ, НО Е ЗДРАВ, ВЕЛАТ ЈУЖНОКОРЕЈСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ

    КИМ ЏОНГ-УН ОСЛАБНАЛ 20 КИЛОГРАМИ, НО Е ЗДРАВ, ВЕЛАТ ЈУЖНОКОРЕЈСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИСлабеењето веројатно е резултат на напорите на Ким да ја подобри својата фигура (Фото: АП)

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изгубил 20 килограми во изминатиот период, но останува здрав и се обидува да ја зајакне лојалноста на јавноста додека во земјата се влошува економската состојба, велат јужнокорејските разузнавачи.

    Здравјето на Ким беше во фокусот во изминатите месеци бидејќи изгледаше значително послабо на фотографиите и снимките што ги објавуваа државните медиуми. Триесет и седумгодишниот Ким нема назначено наследник и експертите веруваат дека неговата евентуална неспособност би можела да доведе до хаос во земјата, која е сиромашна, но располага со нуклеарен арсенал.

    Јужнокорејските разузнавачи велат дека Ким сепак нема очигледни здравствени проблеми, а слабеењето веројатно е резултат на неговите напори да ја подобри својата фигура. Тие додаваат дека тој продолжил со своите редовни активности и не е забележано ништо невообичаено во Северна Кореја. Разузнавачите исто така ги отфрлиле шпекулациите на некои медиуми дека Ким има двојник.

    „Такви извештаи се неосновани“, изјави јужнокорејскиот пратеник Ким Бјунг-ки.

    Тој кажа во парламентот дека Ким ослабнал од 140 на 120 килограми и дека оваа година бил вклучен во јавните активности 70 дена, што е зголемување за 45% во споредба со истиот период лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира