КИМ ЏОНГ-УН ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СООЧУВА СО ИСТОРИСКИ ГЛАД И КРИЗА

    КИМ ЏОНГ-УН ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СООЧУВА СО ИСТОРИСКИ ГЛАД И КРИЗАКим ја спореди ситуацијата со 1990-ите, кога од глад починале три милиони луѓе (Фото: АП)

    Ким Џонг-ун ги предупреди Севернокорејците да се подготват за тешка криза, што следува откако групи за човекови права кажаа дека земјата се соочува со недостиг од храна и економска нестабилност. Зборувајќи на партиска конференција, тој ја спореди ситуацијата со смртоносниот глад од 1990-ите.

    Северна Кореја ја затвори својата граница поради пандемијата на коронавирусот и ја замрзна трговската размена со Кина, нејзиниот главен економски сојузник. Земјата исто така се наоѓа под меѓународни економски санкции поради својата нуклеарна програма.

    Ким ги повикал партиските функционери да тргнат во нов, уште потежок „исцрпувачки марш“, со цел барем малку да му се олесни на народот. „Исцрпувачки марш“ е термин со кој се означуваат маките на земјата за време на големиот глад во 1990-ите, кога починале три милиони луѓе. Оваа недела, Ким предупреди дека земјата се соочува со најлоша ситуација досега и со досега невидени бројни предизвици.

    Веќе неколку месеци се предупредува дека народот во Северна Кореја е во тешка ситуација, што се должи и на порастот на цената на пченката, главна намирница во исхраната во руралниот дел на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира