КИНА ГИ НАПАДНА НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ ЗА ИРАН КАКО ИЛЕГАЛНИ И ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ШТИТИ СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ

    КИНА ГИ НАПАДНА НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ ЗА ИРАН КАКО ИЛЕГАЛНИ И ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГИ ШТИТИ СВОИТЕ ИНТЕРЕСИСАД ги опишаа новите мерки како „најголемата финансиска офанзива досега“ (Фото: АП)

    Кина вети дека ќе ги заштити своите интереси откако САД објавија планови за проширување на економските санкции против Иран и неговите трговски партнери, меѓу кои е и Пекинг. Портпаролот на министерството за надворешни работи Лин Џијан изјави дека Кина е цврсто против „нелегални еднострани санкции“ и ќе ги преземе сите потребни мерки за да ги заштити своите права.

    Ова следува откако американскиот министер за финансии Скот Бесент ги објави новите мерки, предупредувајќи дека секоја нација која финансиски соработува со Иран ќе биде изолирана.

    Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, иако трговијата се намали поради американската блокада на Ормускиот Теснец.

    Соработката помеѓу Кина и Иран отсекогаш се спроведувала во рамките на меѓународното право и не треба да има мешање или да се нарушува“, рече Џијан.

    Бесент ги опиша новите мерки како „најголемата финансиска офанзива досега“, предупредувајќи ги банките и бизнисите дека ќе ја делат изолацијата на Иран ако одбијат да ги прекинат врските со земјата. Тој одби да истакне одредени нации, но рече дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе им се јавува на светските лидери „со конкретни барања да ги прекинат своите интеракции со режимот“.

    Никој не е надвор од дофатот на санкциите на САД“, порача Бесент.

    Иранскиот министер за економија Али Маданизадех рече дека Иран е целосно подготвен за американските санкции, велејќи дека тие ќе резултираат со уште еден пораз за Вашингтон.

    Владата беше и е подготвена и има двегодишен план за управување со овие настани. И ние имаме свои алатки и знаеме како да ја играме играта“, кажа Маданизадех.

    Тој додаде дека Кина и Русија не ги прифатиле мерките на САД и предвиде дека и други земји ќе им се спротивстават.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира