КИНА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД ЛИТВАНИЈА ЗАШТО МУ ДОЗВОЛИ НА ТАЈВАН ДА ОТВОРИ АМБАСАДА

    КИНА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД ЛИТВАНИЈА ЗАШТО МУ ДОЗВОЛИ НА ТАЈВАН ДА ОТВОРИ АМБАСАДАОтворањето на амбасадата беше најавено во јули, а официјално се случи во четвртокот (Фото: АФП)

    Кина и официјално го намали нивото на своите дипломатски односи со Литванија откако му дозволи на Тајван да отвори амбасада во Вилнус. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Литванија ги игнорирала достоинствениот став и основните норми на меѓународните односи со тоа што му дозволила на Тајван да отвори дипломатско претставништво под тоа име.

    „Овој потег ги поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и претставува грубо мешање во внатрешните работи на Кина, креирајќи лош меѓународен преседан“, соопшти министерството.

    Кина претходно го избрка литванскиот амбасадор и самата го повлече својот амбасадор од Вилнус, најавувајќи дека односите ќе бидат редуцирани на ниво на канцеларија за врски.

    „Ја повикуваме Литванија веднаш да ја исправи својата грешка и да не ја потценува цврстата посветеност на кинескиот народ да ги брани својот суверенитет и територијален интегритет. Што и да направи Тајван, тоа не го менува фактот дека е дел од Кина“, додаде Пекинг.

    Од литванската влада кажаа дека жалат за одлуката на Кина. Отворањето на амбасадата беше најавено во јули, а официјално се случи во четвртокот.

    Тајван има свои претставништва во други европски држави и САД, но под името Кинески Тајпеј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира