Доналд Трамп ги обнови своите напади кон Кина и кажа дека неговата администрација спроведува „сериозна истрага“ за начинот на кој Кина се справуваше со ширењето на коронавирусот, навестувајќи дека САД би можеле да бараат отштета.
Тој престана да одржува дневни брифинзи за ситуацијата со коронавирусот откако бил посоветуван дека ѝ штетат на неговата претседателска кампања, но паузата траеше само неколку дена.
„Има многу начини на кои Кина може да се смета за одговорна за пандемијата. Ние спроведуваме многу сериозна истрага. Не сме среќни со Кина. Веруваме дека таа можеше да го запре вирусот уште во неговиот извор“, кажа Трамп.
Тој додаде дека и САД би можеле да бараат отштета од Кина, откако уредникот на германскиот весник „Билд“ напиша дека Кина ѝ должи на Германија 150 милијарди евра за штетите од пандемијата.
„Ние зборуваме за многу повеќе пари од она што го бара Германија. Уште не сме го утврдиле точниот износ“, кажа Трамп.