КИНА ОСУДИ БИВШ ШЕФ НА ИНТЕРПОЛ НА 13,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО

    КИНА ОСУДИ БИВШ ШЕФ НА ИНТЕРПОЛ НА 13,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЗЕМАЊЕ МИТОМенг Хонгвеи исчезна на враќањето од Франција во септември 2018 и Кина подоцна призна дека го притворила (Фото: АФП)

    Кинески суд осуди бивш шеф на Интерпол на 13,5 години затвор за земање мито.

    Менг Хонгвеи, прв Кинез на оваа функција, исчезна на враќањето од Франција во 2018 година и Кина по некое време призна дека го притворила во рамките на борбата на претседателот Шјинпинг против корупција.

    Педесет и шестгодишниот Менг признал дека земал мито од повеќе од два милиона долари. Тој исто така ќе мора да плати казна од два милиона јуани (290.000 долари).

    Менг исчезна во септември 2018 кога се враќал во Кина од Франција, каде што се наоѓа седиштето на Интерпол. Тој требаше да остане на функцијата до оваа година, но Интерпол соопшти дела поднесол оставка неколку дена откако неговата сопруга пријави дека е исчезнат. Кинеските власти подоцна потврдија дека тој е притворен. Комунистичката партија кажа дека Менг ја злоупотребил својата позиција за лична корист и за да го финансира „екстравагантниот животен стил“ на неговото семејство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари