КИНЕСКА НОВИНАРКА ШТО ИЗВЕСТУВАЛА ОД ВУХАН КАЗНЕТА СО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПРОБЛЕМИ“

    КИНЕСКА НОВИНАРКА ШТО ИЗВЕСТУВАЛА ОД ВУХАН КАЗНЕТА СО 4 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПРОБЛЕМИ“Џан е прогласена за виновна за „предизвикување кавги и проблеми“. (Фото: Принтксрин од интервју на Јутјуб)

    Новинарката Џанг Џан, која известуваше за ширењето на коронавирусот во Вухан е осудена на затвор од четири години. Џан е прогласена за виновна за „предизвикување кавги и проблеми“, што е чест обвинување помеѓу судските случаи против активистите.

    Триесет и седумгодишната поранешна адвокатка беше притворена во мај и оттогаш штрајкува со глад. Нејзините адвокати велат дела е во лоша здравствена состојба и дека многу плачела кога ја слушнала пресудата.

    Џан е една од неколкуте новинари кои покриваат граѓански теми, кои се соочија со проблеми за известувањето од Вухан, епицентарот на пандемијата на ковид-19.

    Во видеоинтервју пред да биде уапсена, Џан изјави дека во февруари одлучила да отпатува во Вухан откако прочитала онлајн пост од жител на градот. Така почнала да документира што гледа на улиците и во болниците, преку видеоснимки во живо и текстови, што и покрај заканите од властите, брзо се ширеле на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира