КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ НАМАЛИ ЗА ПРВПАТ ПО 1992 ГОДИНА

    КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ НАМАЛИ ЗА ПРВПАТ ПО 1992 ГОДИНАВтората најголема економија во светот се намали за 6,8% во првите три месеци годинава, според официјалните податоци објавени денеска. (Фото: СМЧП)

    Економијата на Кина се намали за првпат од 1992 година во првиот квартал годинава, откако поради коронавирусот беа затворени многу фабрики и бизниси. Втората најголема економија во светот се намали за 6,8%, според официјалните податоци објавени денеска.

    Финансиските последици што ги има коронавирусот на кинеската економија предизвикува големи грижи за останатите земји, бидејќи Кина е еден од најголемите производители, но и пазари на стоки и услуги.

    „Намалувањето на БДП во периодот јануари-март ќе донесе помали приходи и тоа ќе предизвика пропаѓање на мали компании и загуба на работни места“, вели Јуе Су од „Економист“.

    Минатата година Кина имаше раст на економијата од 6,4% во првиот квартал и тоа во период кога беше среде трговска војна со САД. Изминатите две децении, Кина имаше просечен раст на БДП на годишно ниво од 9%. Сепак, кинеската економија речиси запре во првите три месеци годинава поради воведувањето на разни ограничувања и карантини за да се запре ширењето на коронавирусот.

    Како резултат на тоа, економистите очекуваа послаби бројки, но официјалните податоци се малку полоши од очекуваното.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира