КИНЕСКИ ПРОЕКТИЛИ ПРВПАТ ПРЕЛЕТАА НАД ТАЈВАН, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ НЕМАЛО ЗАКАНА ПО ОСТРОВОТ

    КИНЕСКИ ПРОЕКТИЛИ ПРВПАТ ПРЕЛЕТАА НАД ТАЈВАН, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ НЕМАЛО ЗАКАНА ПО ОСТРОВОТКина кажа дека вежбата ќе трае до недела на пладне (Фото: АП)

    Тајван го осуди својот „зол сосед“ Кина откако таа продолжи со воената вежба како одговор на посетата на водечката американска демократка Ненси Пелоси на островот.

    Во досега невидена ескалација во регионот, Кина користи муниција со долг дострел на вежбата и испука повеќе од десет балистички проектили во водите околу Тајван, од кои најмалку четири прелетале над главниот град Тајпеј, што никогаш досега не се случило. Од тајванската влада појаснија дека проектилите биле високо во атмосферата и не претставувале вистинска закана, па затоа и не се огласиле сирените за тревога. 

    Јапонија, пак, кажа дека пет од деветте проектили испукани кон нејзина територија завршиле во ексклузивната економска зона, на што Токио вложи дипломатски протест.

    Кина е зол сосед кој ја покажува силата пред нашата врата“, изјави тајванскиот премиер Су Ценг-чанг.

    Кина кажа дека вежбата ќе трае до недела на пладне, до кога Тајван практички ќе биде блокиран и на вода и од воздух. Тоа ќе се одрази и врз глобалниот ланец на снабдување, бидејќи комерцијалните бродови мора да го избегнуваат Тајванскиот Теснец, еден од најпрометните водени патишта на светот.

    Тајван соопшти дека распоредил ракетни системи, авиони и бродови за да ја следи ситуацијата, откако повеќе кинески бродови и авиони утрово ја преминале неофицијалната линија на разграничување во теснецот.

    Ќе ја подигнеме нашата борбена готовност, но не бараме војна“, кажа тајванското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира