КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЌЕ ДОВЕДАТ ДО КОЛАПС НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА, КАЖА ДЕЈВИД АТЕНБОРО НА САМИТОТ НА ОН ВО ПОЛСКА

    КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ЌЕ ДОВЕДАТ ДО КОЛАПС НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА, КАЖА ДЕЈВИД АТЕНБОРО НА САМИТОТ НА ОН ВО ПОЛСКАДејвид Атенборо на Самитот учествува како претставник на народите на светот (Фото: АП)

    Колапсот на цивилизацијата и на природниот свет е на повидок, предупреди натуралистот сер Дејвид Атенборо на Самитот за климатски промени на Обединетите нации, што се одржува во полскиот град Катовице.

    Тој вели дека климатските промени претставуваат најголема опасност за човештвото во последните неколку илјади години и дека можат да доведат до уништување на најголемиот дел од природниот свет.

    Оваа средба се смета за клучна во борбата против климатските промени од потпишувањето на Парискиот договор во 2015 година.

    „Во овој момент, ние се соочуваме со човечко уништување од глобални размери. Ова е нашата најголема закана во последните илјадници години, климатските промени. Ако не преземеме нешто, колапсот на цивилизацијата и уништувањето на природниот свет се на повидок“, кажа Атенборо во говорот на отворањето на Самитот.

    Тој ги претставува обичните луѓе на Самитот и дејствува како врска помеѓу јавноста и оние кои креираат политики.

    „Луѓето на светот го кажаа своето. Нивната порака е јасна. Времето истекува и тие сакаат вие, лидерите на светот, да дејствувате веднаш“, кажа Атенборо, автор на низа успешни документарци за природниот свет на Би-Би-Си.

    Во исто време, Светската банка објави дека во наредните пет години со 200 милијарди долари ќе ги помогне државите во борбата против климатските промени. Последните студии покажаа дека најтоплите 20 години досега се измерени во последните 22 години, при што научниците предупредија дека е неопходно порастот на температурите да се ограничи на 1,5 Целзиусов степен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира