КЛУЧНИОТ МОСТ МЕЃУ КРИМ И РУСИЈА СЕРИОЗНО ОШТЕТЕН ПО ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА

    КЛУЧНИОТ МОСТ МЕЃУ КРИМ И РУСИЈА СЕРИОЗНО ОШТЕТЕН ПО ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈАНа железничкиот дел од мостот горат вагони со гориво, а паднат е дел од мостот за патнички сообраќај. (Фото: Твитер)

    Мостот Керч од Русија до Крим е сериозно оштетен од голема експлозија на делот за железнички сообраќај. Според видеата и фотографиите од социјалните мрежи, на мостот гори воз со цистерни за гориво, а паднат во водата е дел од мостот за патнички сообраќај.

    Експлозијата се случи во 6 часот наутро по локално време и според сведоци, можеше да се слушне на неколку километри оддалеченост. Засега не е јасна причината за експлозијата и оштетувањата на мостот, а руските државни медиуми само јавија дека на мостот горат цистерни за гориво.

    „Според првични информации, вагон со цистерна за гориво гори на една од секциите на Кримскиот мост. Прерано е да се зборува за причините и последиците. Работиме на гасење на пожарот“, кажа руски функционер.

    Кримскиот мост, кој ги поврзува Краснодар во Русија со Крим, почна да се гради по анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година, а беше свечено отворен од рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година.

    Се смета дека Крим, вклучувајќи го Кримскиот мост, е надвор од дометот на украинската војска, но изминатите два месеца имаше серија експлозии на полуостровот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира