КОКТЕЛ НА АНТИТЕЛА НА КОМПАНИЈАТА „РОШ“ ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СИМПТОМАТСКИ КОВИД ЗА 81%

    КОКТЕЛ НА АНТИТЕЛА НА КОМПАНИЈАТА „РОШ“ ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СИМПТОМАТСКИ КОВИД ЗА 81%Оние кои го примиле овој коктел се ослободиле од вирусот многу побрзо, а симптомите им траеле многу пократко (Фото: ДПА)

    Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ ги претстави новите податоци од третата фаза на тестирањето на коктел на антитела, што треба да го намали ризикот од појава на симптоматски ковид-19. Според компанијата од Базел, коктелот од „касиривимаб“ и „имдевимаб“, што се дава поткожно, го намалува ризикот од симптоматски ковид-19 за 81%.

    „Меѓу лицата кои сѐ уште покажувале симптоми на болеста, оние кои го примиле овој коктел се ослободиле од вирусот многу побрзо, а симптомите им траеле многу пократко“, соопшти компанијата.

    Таа додаде дека кај заразените асимптоматски случаи коктелот го намалил ризикот од развојот во симптоматски ковид-19 за 31%.

    Податоците од истражувањето ќе бидат споделени со регулаторите во САД и Европа, со цел евентуално одобрување на оваа терапија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира