КОЛА УДРИ ВО ПЕШАЦИ НА ТАЈМС СКВЕР, ЕДЕН ЗАГИНАТ,  ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ НЕ Е ТЕРОРИЗАМ

    КОЛА УДРИ ВО ПЕШАЦИ НА ТАЈМС СКВЕР, ЕДЕН ЗАГИНАТ,  ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ НЕ Е ТЕРОРИЗАМВозачот возел во спротивна насока и кон тротоарот, удирајќи пешаци, при што загина едно лице, а беа повредени најмалку 12, а полицијата соопшти дека инцидентот не е тероризам (Фото: АП)

    ЊУЈОРК, 18 мај (Ројтерс) – Забрзана кола удри во пешаци на тротоар на преполниот Тајмс сквер во Њујорк, при што загина едно лице, а беа повредени најмалку 12, а полицијата соопшти дека инцидентот не изгледа дека е чин на тероризмот, рекоа сведоци, полицијата и медиумите.

    Очевидци за Ројтерс изјавија дека едно лице беше покриено со крваво ќебе по судирот, кој се случи околу пладне во туристичкото место на Менхетн. Стотици илјади луѓе, многу од нив посетители од целиот свет, секојдневно поминуваат низ популарната комерцијална област, во срцето на театарската област на  Бродвеј.

    Возилото беше црвена „хонда седан“,  а возачот бил отстранет. Телевизиските снимки покажаа полицајци како апсат човек во темна маица и го ставаат во полициски автомобил. Сведоците велат дека возачот возел во спротивна насока и кон тротоарот, удирајќи пешаци.

    „Сите само трчаа, секој беше загрижен за својот живот”, изјави сведок за локалната телевизија.

    Автомобилот удрил во бандера и застана на аголот од 45-та улица и Бродвеј. Седум лица биле однесени на носилки, јавија очевидци за Ројтерс. Чевли беа расфрлани на местото на настанот и едно лице беше покриено со крваво ќебе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира