Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се соочи со гласањето за нејзина доверба, што за вечерните часови го свикаа пратениците од Конзервативната партија.
Меј, која стана премиер кратко време откако на референдумот во 2016 година помина договорот за излегување на Велика Британија од Европска Унија, се соочи со големи критики од своите сопартијци за начинот на кој ги водеше преговорите за брегзит. Таа во понеделникот го одложи гласањето за брегзит во британскиот парламент, што требаше да се одржи вчера, сметајќи дека договорот ќе биде отфрлен со значителна разлика во гласови.
На денешното гласање, Меј мора да добие мнозинство гласови за да остане на својата функција. Ако не успее во тоа, ќе се избира нов лидер на партијата, во што таа нема да може да учествува.