КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО КАТАЛОНИЈА, ЖИТЕЛИТЕ НА БАРСЕЛОНА СЕ СОВЕТУВААТ ДА СЕДАТ ДОМА

    КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО КАТАЛОНИЈА, ЖИТЕЛИТЕ НА БАРСЕЛОНА СЕ СОВЕТУВААТ ДА СЕДАТ ДОМАБарселона повторно воведе рестрикции, но плажите се преполни (Фото: ЕПА)

    На жителите на Барселона им беше препорачано да седат дома додека Каталонија бележи пораст на бројот на новозаразени со коронавирус.

    Здравствените власти кажаа дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 1.226 случаи на зараза во овој шпански регион, при што повторно се воведени рестрикции во Барселона. Иако градот не е ставен во карантин, четирите милиони жители се советуваат да останат дома во наредните 15 дена, повторно се затворени кината, театрите и дискотеките и забранети се јавни собири со повеќе од десет луѓе.

    Франција, која воведе задолжително носење маска во продавници, објави дека будно ја следи ситуацијата во Шпанија, каде што четири недели по завршувањето на еден од најстрогите карантини во Европа се појавија повеќе од 150 локални ширења на коронавирусот, најмногу во Каталонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира