КОВИД ВАКЦИНАТА Е БЕЗБЕДНА И ДЕЛОТВОРНА И ЗА ДЕЦАТА ОД 5 ДО 11 ГОДИНИ, ВЕЛАТ „ФАЈЗЕР“ И „БИОНТЕК“

    КОВИД ВАКЦИНАТА Е БЕЗБЕДНА И ДЕЛОТВОРНА И ЗА ДЕЦАТА ОД 5 ДО 11 ГОДИНИ, ВЕЛАТ „ФАЈЗЕР“ И „БИОНТЕК“Компаниите најавија дека ќе побараат дозвола за користење на вакцината и за оваа возрасна група (Фото: СДК.МК)

    „Фајзер“ и „Бионтек“ објавија дека нивната вакцина против ковид-19 создава силен имунолошки одговор кај децата од пет до 11 години и најавија дека ќе побараат дозвола за нејзино користење за оваа возрасна група.

    Двете компании кажаа дека клиничките тестирања покажале дека вакцината развива имунолошки одговор како оној што е виден кај лицата од 15 до 26 години. Безбедносниот профил може да се споредува и со оној кај постарите возрасни групи.

    „Од јули, педијатриските случаи на коронавирус во САД се зголемиле за 240%. Резултатите од тестирањата даваат силна основа да побараме одобрување за користење на вакцината за децата од пет до 11 години и планираме наскоро да го направиме тоа“, изјави извршниот шеф на „Фајзер“, Алберт Бурла.

    Американските здравствени власти кажаа дека во рок од три недели би можеле да оценат дали вакцината е безбедна и делотоворна и за помлади деца.

    Освен што е попренослив, засега нема назнаки дека делта сојот е поопасен за децата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира