КРАЈ НА СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ТАЈЛАНД, ИЗВАДЕНИ СИТЕ ДЕЦА И ТРЕНЕРОТ

    КРАЈ НА СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ТАЈЛАНД, ИЗВАДЕНИ СИТЕ ДЕЦА И ТРЕНЕРОТНа третиот ден од операцијата, од пештерите беа извадени преостанатите четири деца и нивниот тренер (Фото: АП)

    Тајландските власти објавија крај на спасувачката мисија во поплавените пештери, откако сите 12-мина момчиња и нивниот тренер беа извадени на безбедно.

    „Дванаесеттемина диви мечки и нивниот тренер се надвор од пештерите. Сите се добро, да прославиме“, напишаа тајландските маринци на својот профил на Твитер, алудирајќи на фудбалскиот тим на децата.

    На третиот ден од високоризичната операција, што со големо внимание се следеше низ целиот свет, од пештерите беа извадени преостанатите четири деца, а последен излезе нивниот 25-годишен тренер.

    Останува од пештерите да излезат тројца нуркачи кои учествуваа во мисијата и лекарот, кој се грижеше за децата и тренерот.

    Младите фудбалери и нивниот тренер исчезнаа на 23 јуни и се верува дека тие останале заглавени како последица на ненадеен пороен дожд. Тие беа лоцирани дури по девет дена, по што почна планирањето на сложена спасувачка операција, за која најголема закана беа нови монсунски дождови. Токму од таа причина, властите завчера донесоа одлука да се почне со операцијата, која успешно беше завршена за рекордни три дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира