КРАЛИЦАТА ЈА ПОДДРЖА ОДЛУКАТА НА ХАРИ И МЕГАН ДА ЖИВЕАТ ВО КАНАДА И БРИТАНИЈА

    КРАЛИЦАТА ЈА ПОДДРЖА ОДЛУКАТА НА ХАРИ И МЕГАН ДА ЖИВЕАТ ВО КАНАДА И БРИТАНИЈАХари и Меган минатата недела кажаа сакаат да се повлечат од кралското семејство и да работат на тоа да станат целосно финансиски независни, при што ќе поминуваат време и во Велика Британија и во Северна Америка. (Фото: Гети)

    Британската кралица Елизабета Втора одобри „период на транзиција“ во кој војводата и војвотката од Сасекс ќе може да живеат и во Канада и во Велика Британија.

    Кралицата вели дека целосно ќе ја почитува нивната желба за нова улога, но дека „би сакала да останат членови на кралското семејство со полн ангажман“. Конечни одлуки, вели таа се, очекува да бидат донесени во наредните денови.

    Членовите на кралското семејство денеска имаа итен состанок за да разговараат за одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган дека сакаат да се повлечат од кралското семејство.

    Во изјавата од кралицата е наведено дека на состанокот присуствувале и принцот Чарлс и Вилијам, војводата од Кембриџ, таткото и братот на Хари, и дека „дискусијата била конструктивна“.

    „Јас и моето семејство ја поддржуваме одлуката на Хари и Меган да почнат нов живот како младо семејство. Иако би сакале тие да останат членови на кралското семејство со полн аранжман, ја почитуваме и разбираме нивната желба да имаат понезависен живот како семејство и да останат значен дел од мојата фамилија. Ни претстојат многу сложени работи кои мора да ги решиме, но јас побарав конечните одлуки да бидат донесени во наредните денови“, изјави кралицата.

    Принцовите Вилијам и Хари претходно објавија заедничка изјава во која ги демантираат написите дека не се во добри односи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира