КРАЛИЦАТА ТАЈНО ИНВЕСТИРАЛА МИЛИОНИ ФУНТИ, СОМНИТЕЛНО СЕ КУПУВАЛЕ И ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ, СЕ ДОЗНАВА ОД „РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИ“

    КРАЛИЦАТА ТАЈНО ИНВЕСТИРАЛА МИЛИОНИ ФУНТИ, СОМНИТЕЛНО СЕ КУПУВАЛЕ И ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ, СЕ ДОЗНАВА ОД „РАЈСКИТЕ ДОКУМЕНТИ“Документите за првпат покажуваат дека кралицата Елизабета Втора сѐ уште располага со големи инвестиции, кои преку фондови се вложуваат во разни бизниси (Фото: Гети)

    Милиони фунти од приватниот имот на кралицата Елизабета Втора биле инвестирани во фонд на Кајмански Острови, се дознава од таканаречените „Рајски документи“, кои разоткрија добро разработена мрежа на даночно затајување и криење на богатства.

    Овие документи за првпат покажуваат дека кралицата сѐ уште располага со големи инвестиции, кои преку фондови се вложуваат во разни бизниси, вклучувајќи ја контроверзната трговска компанија „Брајтхаус“, на која минатиот месец ѝ беше наредено да им исплати обесштетување од 14,8 милиони фунти на 249.000 муштерии.

    Од кабинетот на кралицата тврдат дека тие не биле свесни за 12-годишното инвестирање во „Брајтхаус“, сѐ додека новинарите не ги прашале за тоа.

    Исто така, кралицата имала инвестиции и во неколку прекуморски фондови и се очекува да биде притисната да открие детали за тоа каде се држат парите.

    Документите открија и како руски милијардери користеле сложена мрежа од офшор компании, за да купуваат акции во англиските фудбалски клубови Арсенал и Евертон, со што, можеби, се прекршени правилата на Премиерлигата.

    Фархад Мошири ги продаде своите акции во Арсенал во 2016 година, за потоа да купи 50% од Евертон. Но, сега се дознава дека неговиот удел во Арсенал, всушност, бил подарок од рускиот олигарх Алишер Усманов, со што е нејасно во чија сопственост е Евертон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира