Русија и Кина постигнаа општо разбирање за гасоводот „Моќта на Сибир 2“, голем проект кој, доколку биде завршен, би транспортирал до 50 милијарди кубни метри гас годишно до Кина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека останува некои нијанси да се средат, но разбирање веќе постои.
„Консензусот ги вклучува трасата на гасоводот и методот на изградба“, кажа Песков.
Овој гасовод би се протегал од руските гасни полиња во Јамал до Кина преку Монголија. Според проценките од 2025, Кина преку него би добивала 12% од својата вкупна потрошувачка на гас.
Според извештаите, договорот бил во застој со години поради несогласувања околу цената, но претходно оваа недела, рускиот енергетски гигант „Газпром“ и Кинеската национална нафтена корпорација потпишале прелиминарен договор. Кина досега малку има кажано јавно за проектот.
Се очекува Владимир Путин да се заложи за посилни енергетски врски со Кина за време на својата посета на Пекинг. Кина останува најголемиот купувач на руската нафта, како преку цевководи, така и по морски пат. Како и Доналд Трамп претходно, и Путин поведе голема деловна делегација во Пекинг, во која се и извршните директори на „Роснефт“ и „Газпром“ и шефот на нуклеарната агенција „Росатом“.
„Ние не се натпреваруваме со никого со составот на нашите делегации. Ги развиваме нашите независни и многустрани односи со Кина“, кажа Песков.



