КРЕМЉ ТВРДИ ДЕКА НЕМА КОМПРОМИТИРАЧКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРАМП

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Москва,(Ројтерс)

    КРЕМЉ ТВРДИ ДЕКА НЕМА КОМПРОМИТИРАЧКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРАМП

    Кремљ соопшти дека е целосна невистина дека руски функционери направиле досие со компромитирачки информации за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Двајца американски функционери вчера кажаа дека шефовите на четири американски разузнавачки агенции минатата недела му презентирале на Трамп доверливи документи, кои содржеле непотврдени тврдења дека руски разузнавачи имаат компромитирачки информации за него.

    Во обраќањето до новинарите, Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, кажа дека досието е измислица наменета да им наштети на односите на Русија и САД, кои веќе се на најнисо ниво по завршувањето на Студената војна.

    „Ова е обид да им се наштети на нашите билатерални односи. Ова се евтини приказни“, рече Песков, кој, исто така, ги негираше наводите во досието дека самиот тој бил вклучен во руската кампања да се поткопа поразениот претседателски кандидат Хилари Клинтон.

    Песков кажа дека Кремљ не се впушта во составување компромитирачки досиеја за кого било и е сконцетриран на градење односи со странските партнери на Русија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира