КРУЗЕР СО 3.700 ЛУЃЕ СТАВЕН ВО КАРАНТИН ОТКАКО КАЈ 10 ПАТНИЦИ БИЛ УТВРДЕН КОРОНАВИРУСОТ

    КРУЗЕР СО 3.700 ЛУЃЕ СТАВЕН ВО КАРАНТИН ОТКАКО КАЈ 10 ПАТНИЦИ БИЛ УТВРДЕН КОРОНАВИРУСОТКрузерот ќе остане закотвен во пристаништето во Јокохама (Фото: Гети)

    Најмалку десет патници на крузер закотвен во пристаништето во Јокохама се тестирани позитивно на коронавирусот, објавија здравствените власти на Јапонија.

    Досега се тестирани речиси 300 од 3.700 луѓе кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принсес“ и се верува дека бројката на заразени би можела да порасне.

    Прегледите почнаа откако се разболел 80-годишен маж од Хонгконг, кој бил на крузерот минатиот месец. Сите десетмина заразени се на возраст над 50 години, но никој не е животно загрозен.

    Јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като изјави дека потврдените случаи се меѓу првите 31 резултат од 273-те тестирани. Патниците и екипажот на крузерот ќе бидат во карантин две недели, колку што трае периодот на инкубација на вирусот.

    „Сега и официјално сме во карантин. Остануваме на бродот и ограничени сме на нашите кабини“, изјави еден британски патник.

    Во Кина, бројката на заразени се зголеми на повеќе од 24.300, а 490 луѓе починале.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира