КУЧЕТО НА БАЈДЕН ПО 11. ПАТ КАСНА АГЕНТ НА ТАЈНАТА СЛУЖБА, БИЛО ПОД СТРЕС ШТО ЖИВЕЕ ВО БЕЛАТА КУЌА

    КУЧЕТО НА БАЈДЕН ПО 11. ПАТ КАСНА АГЕНТ НА ТАЈНАТА СЛУЖБА, БИЛО ПОД СТРЕС ШТО ЖИВЕЕ ВО БЕЛАТА КУЌАКомандер е помладиот од двата германски овчара на семејството Бајден (Фото: Гети)

    Командер, двегодишниот германски овчар на семејството Бајден, касна уште еден агент на Тајната служба. Ова е веќе 11. пат кучето да касне припадник на обезбедувањето во Белата куќа или во семејниот дом на претседателот во Делавер.

    „Инцидентот се случи во понеделникот и офицерот прими прва помош на самото место“, соопшти Тајната служба.

    Портпаролката на Белата куќа претходно кажа дека ваквите напади се должат на стресот од живеење во Белата куќа.

    „Како што знаете, овој комплекс може да биде уникатен и стресен, па можете да замислите како им е на домашните миленици. Сигурна сум дека можете да го разберете тоа“, изјави таа во јули.

    Командер е помладиот од двата германски овчара на семејството Бајден. Во јули, од Белата куќа кажаа дека разгледуваат нови техники на контролирање и обука на кучето по серија напади врз персоналот, чии детали биле побарани од една конзервативна група.

    На 11 декември 2022, еден агент бил нападнат и каснат од кучето во присуство на Бајден, но ниту една повреда не е опишана како сериозна во документот на 194 страници. И неговото друго куче Мејџор исто така учествувало во неколку инциденти со каснување на агенти на Тајната служба. Мејџор во меѓувреме беше иселен од Белата куќа и сега живее кај пријатели на Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира