КУРДСКИ МИЛИТАНТИ СО КАМИОН БОМБА УБИЈА 11 ТУРСКИ ПОЛИЦАЈЦИ, 78 СЕ ПОВРЕДЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Анкара,(АП)

    КУРДСКИ МИЛИТАНТИ СО КАМИОН БОМБА УБИЈА 11 ТУРСКИ ПОЛИЦАЈЦИ, 78 СЕ ПОВРЕДЕНИ

    Курдски милитанти нападнаа полициска станица во југоисточна Турција со камион полн со експлозиви, убивајќи најмалку 11 полицајци, а има и 78 повредени, јави турската државна агенција „Анадолу“. Нападот се случи утринава во градот Џизре во провинцијата Сирнак на границата со Сирија, која е населена претежно со Курди.
    Никој не презеде одговорност за нападот, кој е последен од серијата бомбашки напади на полициски или воени возила и инсталации. Властите ја обвинија Курдската работничка партија (ПКК) за нападот. Телевизиските снимки покажаа како се крева црн чад од уништениот камион, а од полициската станица на три ката останаа само ѕидовите.
    Министерството за здравство соопшти дека испратило 12 возила на брза помош и два хеликоптери на местото на настанот.
    Насилството помеѓу ПКК и турските безбедносни сили продолжи минатата година по пропаѓањето на кревкиот двегодишен мировен процес. Оттогаш, стотици припадници на безбедносните сили загинаа во бомбашки напади и вооружени пресметки со курдските милитанти.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари