КУРТИ ПРЕД НОВА ИЗБОРНА ПОБЕДА ВО КОСОВО, НО НЕЈАСНО Е ДАЛИ ЌЕ ИМА СИЛНО МНОЗИНСТВО

    КУРТИ ПРЕД НОВА ИЗБОРНА ПОБЕДА ВО КОСОВО, НО НЕЈАСНО Е ДАЛИ ЌЕ ИМА СИЛНО МНОЗИНСТВОТретите избори за 18 месеци беа закажани откако партиите не успеаја да се договорат кој треба да ја замени претседателкатаа Вјоса Османи (Фото: АП)

    Самоопределување на премиерот Албин Курти оди кон победа на денешните предвремени парламентарни избори во Косово, но нејасно е дали ќе има доволно силно мнозинство за да стави крај на долготрајната политичка криза.

    Третите избори за 18 месеци беа закажани откако главните политички партии не успеаја да се договорат кој треба да ја замени сега веќе бившата претседателка Вјоса Османи. Прашање е дали и сега ќе може да се постигне компромис по ова прашање, за што е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

    Според излезните анкети, партијата на Курти освои 42,3% гласови, па според тоа, ќе ѝ требаат коалициски партнери за да формира влада. На второто место е Демократската партија на Косово со 21,6% гласови, а Демократската лига на Косово е трета со 17,3%, велат проекциите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира