„ЛЕГО“ НЕМА ДА РЕКЛАМИРА ВО МЕДИУМИ ШТО ПОТТИКНУВААТ ОМРАЗА КОН ДЕЦАТА НА ИМИГРАНТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:27:"Копенхаген(АП)

    „ЛЕГО“ НЕМА ДА РЕКЛАМИРА ВО МЕДИУМИ ШТО ПОТТИКНУВААТ ОМРАЗА КОН ДЕЦАТА НА ИМИГРАНТИТЕ

    Данската компанија за производство на играчки „Лего“ соопшти дека нема повеќе да рекламира во британскиот дневен весник Дејли Мејл и уште неколку британски весници кои на социјалните мрежи беа нападнати поради нивните анти-имигрантски ставови.

    Производителот на шарените лего коцки твитна во саботата “@StopFundingHate – најавувајќи го прекинувањето на договорот за рекламирање во Дејли Меил.

    Роар Руде Трангбаек, портпаролот на приватната компанија изјави за АП дека „не планираме никакви дополнителни маркетинг активности со тој весник.“

    lego-tvit

    Со твитот @StopFundingHate данската компанија за играчки најави дека го прекинува договорот за рекламирање со британскиот Дејли Меил

    „Потрошивме многу време да ги слушаме децата. И го слушаме и мислењето на родителите , бабите и дедовците“, напиша тој во електронска порака за АП одбивајќи да даде повеќе информации за рекламирањето.

    Кампањата „Стоп на финансирање на омразата“ ги поттикнува компаниите да ги повлечат своите реклами во неколку британски весници поради нивното противење да им се помогне на децата бегалци.

    Ова не е прв пат „Лего“ да прекине договори за рекламирање. Во 2014 година,данската компанија најави дека нема да го обнови договорот со нафтената компанија „Шел“ чие лого беше на Лего сетови кои се продаваа низ бензиските пумпи во Европа.Потегот беше поттикнат после повеќенеделен притисок, откако се појави видео против нафтени бушотини на Арктикот.

    Данската компанија вработува ширум светот над 18,000 луѓе и е една од најголемите компании за играчки.

    Во март оваа година, „Лего“ соопшти дека во 2015 приходот на компанијата пораснал за 25 проценти и стигнал до 35,8 милијарди дански круни (4,8 милијарди евра). Тие соопштија  дека околу 100 милиони деца играат со Лего коцките или ги користат како училишен материјал

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира