ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД-19 НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА ПОЛОВИНА ГИ НАМАЛИЛ ТЕШКО БОЛНИТЕ И СМРТНИТЕ СЛУЧАИ

    ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД-19 НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА ПОЛОВИНА ГИ НАМАЛИЛ ТЕШКО БОЛНИТЕ И СМРТНИТЕ СЛУЧАИЛекот може да се користи и превентивно пред инфекција и како третман кога некое лице е заразено, вели „АстраЗенека“. (Фото: Гети)

    Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ објави дека има позитивни резултати од тестирањето на лек  за превенција и за лекување на тешки случаи заболени од ковид-19. Според компанијата, лекот „АЗД7442“ за половина ги намалил случаите на тешка болест и смрт кај заболени од ковид-19, кога бил даден во рок од седум дена од почетокот на симптомите.

    Резултатите ги подигнуваат надежите дека наскоро здравствените работници ќе имаат поефикасни алатки во лекувањето на тешка форма на коронавирус кај болните.

    На почетокот на месецов, американската фармацевтска компанија „Мерк“ објави дека развила ефикасен лек против коронавирус кој ја намалува веројатноста од развивање на тешка форма на болеста, а вчера побара дозвола за регистрација од американските здравствени власти.

    Во Европската Унија, засега има само еден официјално одобрен лек, „ремдесивир“, иако има и други во употреба, како на пример „дексаметазон“.

    „АстраЗенека“ вели кога нивниот лек бил инјектиран во рок од пет дена, бројот на лица кои тешко се раболеле или умреле е 67 проценти помал во споредба со групата која добила добила плацебо.

    „Овие позитивни резултати покажуваат дека соодветна доза на лекот може да има значајна улога во борбата против оваа катастрофална пандемија“, изјави Хју Монтгомеру, професор за интензивна нега на Универзитетскиот колеџ Лондон, кој бил вклучен во истражувањето.

    Третата фаза од истражувањето била спроведена кај околу 900 возрасни пациенти со благи до умерени симптоми на ковид-19 кои не биле  хоспитализирани. Сепак, голем дел од учесниците (90 проценти) припаѓаат на ризични групи со зголемен ризик од тешка инфекција, како на пример,  рак, дијабетес или кардиоваскуларни заболувања.

    „Лекот може да се користи и превентивно пред инфекција и како третман кога некое лице е заразено“, вели  Мин Пангалос, задолжен за био-фармацевтски производи во „АстраЗенека“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира