ЛЕВИЧАРИТЕ ЈА ПОБЕДИЈА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈА

    ЛЕВИЧАРИТЕ ЈА ПОБЕДИЈА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈАСоцијалдемократите би требало да ја предводат владејачката коалиција (Фото: Гети)

    Владејачките Социјалдемократи (ПСД) освоија најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Романија, при што се одбранија од се попопуларното крајнодесничарско движење, кое ја предизвика прозападната ориентација на земјата. Според 99,5% пребројани гласови, за ПСД гласале 22,6% романски граѓани, додека крајнодесничарскиот Сојуз за обединување на Романците освои 18,2%, иако некои му предвидуваа и победа. На третото место заврши центристичката опозициска партија Зачувај ја романската унија со 12,1% гласови. Оваа партија ја предводи Елена Ласкони, која влезе во вториот круг на претседателските избори.

    Во вакви услови, прозападна коалиција на чело со ПСД би имала доволно места во парламентот за да формира влада. Сепак, формирањето широка коалиција нема да оди лесно поради несогласувањата околу реформите и економските мерки.

    Ова беа вторите од трите последователни гласања во Романија. Пред една недела, во првиот круг на претседателските избори изненадувачки победи крајниот десничар Калин Георгеску, по што уставниот суд нареди повторно пребројување гласови и дури би можел да ги поништи овие избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира