ЛИДЕРОТ НА НОРВЕШКАТА ЛЕВИЦА ДАДЕ ОСТАВКА ОТКАКО БЕШЕ СНИМЕН КАКО КРАДЕ ЛУСУЗНИ ОЧИЛА ВО ФРИ-ШОП

    ЛИДЕРОТ НА НОРВЕШКАТА ЛЕВИЦА ДАДЕ ОСТАВКА ОТКАКО БЕШЕ СНИМЕН КАКО КРАДЕ ЛУСУЗНИ ОЧИЛА ВО ФРИ-ШОПБјернир Мокснес се извини дури еден месец од скандалот

    Лидерот на норвешката Црвена партија, Бјернар Мокснес, поднесе оставка откако бил снимен како краде луксузни очила на аеродромот во Осло. Мокснес, чија левичарска партија има осум места во парламентот, минатиот месец бил фатен од камерите како краде очила за сонце „Хуго Бос“ од фри-шоп. Откако снимката се прошири на интернет, Мокснес зеде боледување во почетокот на јули.

    Тој ја призна кражбата и вчера поднесе оставка од својата функција.

    „Многумина ме прашаа како сум можел да направам нешто толку глупаво. И јас многупати се прашав себеси во изминатите недели. Немам соодветно објаснување“, изјави Мокснес, кој беше лидер на партијата 11 години.

    Новата претседателка на партијата Мари Сневе Мартинусен ги осуди кражбата и начинот на кој Мокснес се носеше со скандалот.

    „Лута сум и разочарана и најотворено му го кажав тоа на Бјернир. Сега откако се извини, овој случај е затворен за мене“, изјави Мартинусен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира