ЛИКВИДИРАН НАПАЃАЧОТ ОД СУПЕРМАРКЕТОТ ВО ФРАНЦИЈА, ПРЕТХОДНО УБИЛ ТРОЈЦА

    ЛИКВИДИРАН НАПАЃАЧОТ ОД СУПЕРМАРКЕТОТ ВО ФРАНЦИЈА, ПРЕТХОДНО УБИЛ ТРОЈЦАПолицијата соопшти дека напаѓачот досега не бил доведуван во врска со терористички активности (Фото: Ројтерс)

    Француската полиција стави крај на заложничката драма во супермаркетот во јужниот град Требе, откако го ликвидираше напаѓачот.

    Тој бил идентификуван како 26-годишниот ситен криминалец со мароканско потекло Редуан Лакдим, кој, наводно, претходно изразил верност на Исламска држава. Полицијата соопшти дека тој дејствувал сам и дека досега не бил доведуван во врска со терористички активности.

    Лакдим претходно убил тројца во одделни инциденти, почнувајќи го својот поход во соседниот град Каркасон.

    Откако зел заложници во супермаркетот, тој побарал ослободување на Сала Абдеслам, единствениот преживеан терорист од крвавите напади во Париз на 13 ноември 2015 година.

    Премиерот Едуар Филип кажа дека нападот ги имаше сите карактеристики на терористички чин.

    Кризата била разрешена благодарение на полицаец, кој влегол во супермаркетот во замена за еден заложник, оставајќи го својот телефон вклучен, за да може полицијата да ја следи ситуацијата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира