ЛИЦЕ ОД ПРЕС СЛУЖБАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА СО ГОДИНИ ШПИОНИРАЛО ЗА ЕГИПЕТ

    ЛИЦЕ ОД ПРЕС СЛУЖБАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА СО ГОДИНИ ШПИОНИРАЛО ЗА ЕГИПЕТОсомничениот шпион работел како средно рангиран службеник во канцеларијата на портпаролот Зајберт (Фото: Гети)

    Вработен во канцеларијата на владиниот портпарол со години работел за тајната служба на Египет, се вели во извештајот на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

    „Нема да коментираме истраги што се во тек“, изјави Штефен Зајберт, портпаролот на Ангела Меркел и шеф на Федералната прес служба.

    Според весникот „Билд“, осомничениот шпион работел како средно рангиран службеник и има мигрантско потекло. Германската полиција спровела извршни мерки против него во декември минатата година. Федералниот јавен обвинител потврди дека лицето е осомничено за шпионажа и дека е покрената истрага.

    „Постојат индиции дека египетската тајна служба се обидувала да регрутира Египќанец со живеалиште во Германија за разузнавачки цели“, се вели во извештајот.

    Германската влада верува дека египетската тајна служба се обидувала да дојде до информации за Египќаните од Германија кои би можеле да бидат членови на забранетото Муслиманско братство и на коптската христијанска заедница.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира