ЛОНДОН ДИРЕКТНО ГО ОБВИНИ ПУТИН ДЕКА ГО НАРЕДИЛ НАПАДОТ ВРЗ ПОРАНЕШНИОТ ШПИОН СО НЕРВЕН ГАС

    ЛОНДОН ДИРЕКТНО ГО ОБВИНИ ПУТИН ДЕКА ГО НАРЕДИЛ НАПАДОТ ВРЗ ПОРАНЕШНИОТ ШПИОН СО НЕРВЕН ГАСЛондон досега се воздржуваше директно да го обвини Путин. - Борис Џонсон

    Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека, најверојатно, Владимир Путин дал лична наредба да се употреби нервен гас во нападот врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал, што е досега најдиректно обвинување против рускиот лидер.

    Како реакција на Лондон, премиерката Тереза Меј најави дека 23 руски дипломати ќе бидат протерани од Британија, откако било заклучено дека постојат големи шанси Москва да стои зад труењето на Скрипал и неговата ќерка, во нападот што се случи во центарот на Салисбури, но ниту таа не впери прст кон Путин.

    Русија ги отфрли обвинувањата како неосновани и објави дека ќе возврати со иста мера и ќе протера неколку британски дипломати наскоро.

    „Конфликтот на британската влада не е со рускиот народ. Ние немаме ништо против него, не постои русофобија во Британија. Ние имаме конфликт со Кремљ и Путин. Ние мислиме дека ова, најверојатно, била негова директна одлука да се употреби нервен гас на улиците на Британија, на улиците на Европа, што не се случило од Втората светска војна“, кажа Џонсон.

    Нападот на Русија, како што го опишаа, го осудија и најблиските сојузници на Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира