„ЛУФТХАНЗА“ ГО ПРЕЗЕМА „ЕР БЕРЛИН“ ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    „ЛУФТХАНЗА“ ГО ПРЕЗЕМА „ЕР БЕРЛИН“ ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА„Ер Берлин“ објави банкрот во август откако насобра долгови од 1,2 милијарди евра (Фото: Ројтерс)

    Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ ќе купи голем дел од акциите на банкротираниот ривал „Ер Берлин“, соопшти извршниот директор на компанијата Карстен Шпор.

    „Луфтханза“ планира да инвестира 1,5 милијарди евра во преземањето на вториот најголем национален авиопревозник.

    „Ер Берлин“ објави банкрот во август, откако неговиот главен акционер „Етихад“ од Абу Даби престана да му дава финансиска помош, со што долговите на компанијата се зголемија на 1,2 милијарди евра.

    „Ова, всушност, е голем ден, потпишувањето на договорот следува наскоро“, изјави Шпор.

    По неговата објава, вредноста на акциите на „Ер Берлин“ скокна за 51% на берзата во Франкфурт.

    Освен „Луфтханза“, и британската нискобуџетна компанија „Изиџет“ беше силно заинтересирана за преземањето на „Ер Берлин“, која располага со 140 авиони, над 8.000 вработени и со ексклузивни места за слетување на големите аеродроми. „Луфтханза“ планира да преземе 81 авион и 3.000 од вработените на „Ер Берлин“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира