ГЕРМАНСКАТА „ЛУФТХАНЗА“ ТРАЈНО ПРИЗЕМЈУВА 27 АВИОНИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВОТО И СЕРИЈАТА ШТРАЈКОВИ

    ГЕРМАНСКАТА „ЛУФТХАНЗА“ ТРАЈНО ПРИЗЕМЈУВА 27 АВИОНИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВОТО И СЕРИЈАТА ШТРАЈКОВИНаесен „Луфтханза“ најави деке од својата флота ќе повлече и шест широкотрупни интерконтинентални авиони. (Фото: СДК.МК)

    Германската авиогрупација „Луфтханза“ соопшти дека трајно ќе приземји 27 авиони и ќе ја затвори својата регионална подружница „Ситилајн“, поради високите цени на горивото и серијата штрајкови.

    „Како прв чекор, кој стапува на сила веднаш, 27-те оперативни авиони на „Луфтханза Ситилајн“ трајно ќе бидат повлечени од програмата на летови од сабота, за да се намалат натамошните загуби“, соопшти компанијата.

    „Ситилајн“ има околу 2.000 вработени, на кои им е понудено да продолжат да работат во други подружници на групацијата.

    „Ситилајн“ која е во 100 процентна сопственост на „Луфтханза“ лета со авиони за кратки релации од типот „канадер 900“ со 90 седишта и ги поврзуваше големите центри на  „Луфтханза“ во Минхен и Франкфурт со 85 дестинации во Германија и низ Европа.

    „Луфтханза“ соопшти дека цените на керозинот се повеќе од двојно зголемени од почетокот на војната на Блискиот Исток, а дополнителен удар се и редовните штрајкови на екипажите. Оваа недела кабинскиот персонал и пилотите штрајкуваа пет дена по ред.

    Поради зголемените трошоци, „Луфтханза“ најави дека наесен ќе скрати летови и на кратки, но и на долги релации. На крајот на летниот ред на летање ќе бидат повлечени шест интерконтинентални авиони, а во зимскиот ред 2026/27 следуваат нови кратења со повлекување на уште пет авиони на шест дестинации.

    Акциите на „Луфтханза“ во четвртокот попладне на берзата во Франкфурт паднаа за повеќе од 3,5 проценти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира