ЛУГАНСК ЌЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈА ОВОЈ МЕСЕЦ

    ЛУГАНСК ЌЕ ОДРЖИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПРИПОЈУВАЊЕ КОН РУСИЈА ОВОЈ МЕСЕЦЖители на окупираниот Херсон се пријавуваат за руски пасоши (Фото: Гети)

    Самопрогласената Народна Република Луганск ќе одржи референдум за припојување кон Русија од 23 до 27 септември, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на заменик-спикерот на регионалниот парламент.

    Тој денеска усвоил закон со деталите за предложеното гласање, иако во него не се спомнува датумот на одржувањето. Ова следува откако сепаратистичкиот лидер на Доњецк, Денис Пушилин, го повика Луганск на итно распишување референдуми за присоединување кон Русија, како одговор на украинската противофанзива, во која за кратко време беше ослободен целиот североисточен регион Харкив.

    Најави за референдуми во скоро време доаѓаат и од Херсон и Запорожје.

    Руските сили целосно го освоија Луганск во почетокот на јуни, но Киев тврди дека украинската војска вчера навлегла на територијата на регионот и ослободила село во предградието на Лисичанск.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека луѓето кои живеат во областите под контрола на сепаратистите сами треба да одлучат дали ќе одржат референдуми.

    „Од самиот почеток велиме дека луѓето на овие територии сами треба да решат за својата судбина“, кажа Лавров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира