МАДРИЃАНИ НА ПРОТЕСТ ПОБАРАА ДА СЕ ВРАТИ ЗАБРАНАТА ЗА ВОЗИЛА ШТО ЗАГАДУВААТ

    МАДРИЃАНИ НА ПРОТЕСТ ПОБАРАА ДА СЕ ВРАТИ ЗАБРАНАТА ЗА ВОЗИЛА ШТО ЗАГАДУВААТОдлуката на градските власти да се укине забраната за голем дел од автомобилите на бензин и дизел, предизвика големо незадоволство во шпанскиот главен град. (Фото: Ројтерс)

    Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Мадрид против одлуката на новиот конзервативен градоначалник да ги повлече рестрикциите за загадување од автомобили. Одлуката на градските власти, предводени од Народната партија, да се укине забраната за голем дел од автомобилите на бензин и дизел, предизвика големо незадоволство во шпанскиот главен град.

    Рестрикциите беа воведени во согласност со правилата на ЕУ за чист воздух, но градоначалникот Хосе Луис Мартинес-Алмеида од Народната партија, кој стапи на функција на 15 јуни, ја отфрли шемата наречена „Мадрид Сентрал“, воведена во ноември од неговиот претходник.

    Според шемата, одредени возила на бензин и дизел имаат забрана за влез во област од околу пет километри квадратни во центарот на Мадрид. Предвидени се казни од 90 евра, ако биде прекршена забраната.

    Демонстрантите во шпанската престолнина побараа од градоначалникот да ја врати забраната.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари